држи (гл.) - затворен (прид.)

Таму ги држеа уште пенајсет дена и на крајот ги испуштија, биле кусодрамки и вештерки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа го држеа затворен дома. Но тој викаше и кршеше сѐ што ќе најдеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За оваа приказна, која ја оценија како пропаганда, комунистичка, полицајците три дена ги држеа затворени во амбарите Трпоски, а потоа ги однесоа во општинскиот затвор во Тополчани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секула веќе три дена го држат затворен во визбите на училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Толку многу верував во силата на Големата вода, верував еден ден таа ќе дојде, ќе го удри ѕидот, ќе го однесе, ќе му рече: Доста, доста си ги држел затворени!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Врапчето на Благица речиси не се иставаше од прозорецот, кој таа грижливо го држеше затворен.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Сѐ му изнапишав: „како ми е страв да ѝ кажам на мајка; дека ме држат затворена како затвореница; како секој ден ме навиткуваат да се согласам за Никола и оти еден ден ќе го сторат тоа и без мојата согласност.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Устата ја држи затворена, но усните постојано ѝ мрдаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Два дни ме држеше затворен.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)