е (гл.) - гладен (прид.)

Пред влезната врата го стресува снегот од себе и влегува во одајчето со променето лице, најдувајќи ја мајка Перса задремена крај малечката Пелагија. Ѝ се извини на мајка Перса што се задржале толку многу, ѝ рече дека е многу уморена и дека каснала со Чана кај Танаско и сега не е гладна, туку дека е гладна само за сон, па така не мораше да објаснува зошто се врати со стемнето лице.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога јадам, помислувам дека е гладен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да го донесеа неговото тело, ќе беше поинаку.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пенчо направи тажно лице и како просјак застенка без врска со прашањето: рече дека нема ни татко ни мајка. дека е гладен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Дорчо е гладен. Ќе одам да го попасам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Подруго ќе беше да имаше татко, вели, кој не помина, тој не зеде, вели, ко гасеници нѐ опасија, ама најлесно е гладен човек да најадеш, вели, и само се шутка, оптрчува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Арсо е гладен. Тоа е гола вистина. Зошто дојде овде?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стојан, кој сѐ уште има отворена и загноена рана, со дланката го трие образот што вчера му побеле од студ. Секогаш е гладен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зашто Господ вели: ’Одмаздувањето е Моја работа, јас ќе возвратам!‘ И уште ви велев: ’Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, дај му да пие...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)