Цел живот залудно се обидував да сфатам  во што битно е осмислен животот,  каде е и што е тој,  и дури откако докрајчи патот  ја осознав таа вистина  дека тој е тука, точно во овие коски,  кои гризејќи се сами себеси  - го изгризаа и него.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)