е (гл.) - чуден (прид.)

Тоа е чудна глетка: нож по кој блескоти разлеаната крв на сонцето и глава, на која вивти војнички фес, мустаќи набабрени, свиснати, што фосфоресцираат и сето тоа бавно се ближи кон него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оваа тенденција дава интересна можност за разгледување на зелената боја која боја на состојба „пред светлоста“, на невиноста (младоста): спореди лат. virgo „девица“ со viridis „зелено“. И накрај: во виното (можеби) е вистината Можеби е чудна игра на случајот, што токму виното како мошне стар ритуален и оргијастички напиток ја има поделбата на: црвено, бело и црно вино - иако самата таа поделба е во извесна мера условна, таа сепак останува интересна како факт или како случајно совпаѓање. 108 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неговиот јазик е чуден - туѓ, непознат. Со секој збор како да спласнува. Веќе и не го гледам зад масата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
КЛАУС: Зошто да види? (Пауза.) Трговијата е чудна господине Андреевиќ. Најкомплексна сфера на човековата активност.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Па зошто е чуден? Што ти направи?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)