Молчам и размислувам. Не е пријатно ако некој не ти рече добар ден.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
БОРИС: Зошто? МИРА: Не ми е пријатно.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
И покрај ваквиот исход во најзиниот случај, Ангелеска начелно е задоволна од конкретната работа на судиите, а и е пријатно изненадена од тоа што решавањето на спорот се случи на само едно рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Преку владиците Бугарите сакаат да истребат сѐ што не им е пријатно, а најмногу црковно-општинската самоуправа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но откако ги прошета и двата ката отворено им призна дека е пријатно изненаден од начинот на кој е изведена адаптацијата и тоа без стручна помош.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Го отварам прозорецот, се налактувам и со половиот орган налегнувам врз радијаторот што е пријатно топол.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Но неговите раководители мислеа друго: тие во иднината, како и во сегашното, го гледаа само тоа што им е пријатно да го видат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ангелеска напоменува дека доколку за време на судскиот спор имаше повеќе рочишта, времени мерки и жалби против решенијата (што за нејзина среќа ги немаше) – во тој случај, судските такси и трошоци врз нејзе ќе делуваа дестимулирачки при самата помисла да тужи, бидејќи барањето правда во РМ стана привилегија само на богатите кои можат да си дозволат да ги платат скапите такси и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Патувањето е пријатно. Од една страна се шири морето со зазелените брегови, начичкани со хотели и кампови, а од другата страна се издига до небесните синила Олимп, надвиснат над морето, додека врвовите ми се белат од снег.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)