Се к’ти ноќта и муграта чека  виделото да самне како тој  што пееше во чемерната ноќ  Ни смртта смрт е во надежта Надеж  што ќе се збидне со ѕвездена роса  под небото на најдениот збор  Оставете го нека спие долго  со зборот таа несоница свидна  што ечи в смртта и биднината  О оставете го во ведриот спокој
               
             
           
            
            
              „Елегии за тебе“
               од Матеја Матевски 
              (2009)