заборава (гл.) - на (предл.)

Се заборава и на ребаланс и на народ. Се заборава на све. А за народ кога се мислело уствари?
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Но како можете да ги спречите луѓето да се сеќаваат?“ извика Винстон, уште еднаш заборавајќи на бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако наоѓаше некакво олеснување, тоа беше во работата, во која повремено можеше да се внесе заборавајќи на себе и по десет минути без прекин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секогаш кога Татко и Камилски дискутираа за јазиците, тие речиси забораваа на главната тема, се вовлекуваа во нови и нови подрачја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко имаше уште многу да каже за касметот, да ја продолжи или да ѝ се спротивстави на мислата на Камилски, кој самиот како да забораваше на целта што ја постави на почетокот: да се трага по опасните османизми во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но колку што навлегуваше во нивната жива и незавршена конотација, тој низ овие зборови како да сакаше да ги дополни балканските историографии, кои и во јазиците во подем на државите- нации гледаа бојно поле.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Заборавајќи на одамна истинатата вечера во трпезаријата, веднаш се упати во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш стануваше друг човек! Забораваше на сѐ и на сите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа се случува затоа што забораваме на Бога и се сведуваме на сурии, секоја за себе, заробени од колективното его кое во сите други сурии гледа непријател и сѐ повеќе и повеќе турската шега „нашето наше и вашето наше“ му станува животно кредо.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Имаше нешто толку топло и нежно во маминиот глас и така слатко приспивно, и јас заборавав на сите задачи од математика, на сите домашни и заедно со Ели се занесував во сладок сон.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Томаица беше сосема потоната во приказната, заборавајќи на сѐ околу себе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не можам да му го заборавам на Филип Хаџиевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гол, леплив од соковите на Плодот, заборавав на телото, заборавав на обликот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Од страница до страница животот на бездомничето сѐ повеќе ме возбудуваше јас полека заборавав на луѓето околу себе и се пренесував меѓу оние деца-ајдуци меѓу кои несреќно западнал Твист. Жално читав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тука, пред сите, му вели таа во себе, се заколнувам дека нема да те заборавам на оваа тумба, кога ќе се враќам назад во Македонијата, ќе те земам со себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Заборава на нас како да не постоиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, градејќи го бизнис рајот, рајот за странските инвеститори, често се заборава на цената на тој потфат.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се гледаше така, долго, заборавајќи на својата жед, а тоа беше главната причина, што со трчање дојде до езерово, оглувувајќи за рикањето на бикот Чако, што доаѓаше од далечината и ја цепеше гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој пак, занесен од книгите, забораваше на живите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ФЕЗЛИЕВ: Ви благодарам. (Заборавајќи на Неда, ја вади камата и со остриот врв се обидува да ја истера тапата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Прав си. Прав си. (Го зема подавалникот и излегува. Сосем заборава на пиењето што му остана врз масата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Забораваме на ѕидното сликарство и хронологијата на настаните.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Штом почнаа да се приближуваат кон местото каде што беше Мартин, тие сѐ повеќе и повеќе забораваа на тоа и се чудеа како ќе му пристапи Трајанка на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Море колку многу е себичен човекот, си мислам, колку брзо заборава на своите домашни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)