заборави (гл.) - на (предл.)

Тие ми држат стража пред светот, често несигурна, толку опседнати со себе си, што забораваат на човека.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А тој ми рече еее... мое дете таков е животот, некој умира, некој се раѓа, некој од болест оздравува како што оздраве и ти... затоа заборави на тоа и биди весела и среќна затоа што остана жива оти можеше и ти да умреш ако веднаш не те опериравме...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Трпе брзо заборави на сиромаштијата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога ја напушти болницата, заборави на болките. Ѝ остана само една: балетот!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во занесот да го создадете најубавото Не заборававте на полезноста О стари мајстори Го вградивте во мостот и кременот (Огнениот череп на Кралот од каменото доба).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Славчо занесено слушаше и зачас заборави на палавиот Месечев зрак.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Си се потсмевна самиот себеси и заборави на тоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Заборавивте на улогата на човекот во историјата?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Господи, со какво расположение ме разбудија утринските птици што се вдомија под мојата стреа дури при крајот на април!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А прифаќањето на случајот од таа комична страна придонесе сосема да заборавам на болката што ја сеќавав од половината па сѐ до десното колено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бевме скоро заборавиле на овој човек кога еден ден пристигна поштар и донесе неколку списанија на наши и туѓи јазици.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Луѓето повторно заборавија на Бога, се чини сѐ до новите знаменија на Судниот ден.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Минаа години и јас заборавив на ќесето со разнобојните камчиња, на сувата корен- рака, на иконката, на школките, на големата школка низ која патував низ морето. По далгите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Запролети. Заборавив на настанот во туѓата земја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги заборавивме, ја заборавивме нивната крв; ние, крвта на нивната крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Заборавивте на вашите ритуали со маски Го изгубивте ритмот на танцувањето на идолопоклониците...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Рада која беше заборавила на овој детаљ немо само гледаше во Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѓорѓе ја отвораше вратата, но кога во друштвото на Јана ја здогледа Рада, толку многу се испаничи што заборави на која страна се отклучува вратата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, тогаш сѐ уште не беше заборавил на чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се одлачуваа од ноќта сосема тешко, црни и бездомни како неа, искрснуваа заглувнати, чиниш некакви притулени далечни искрења во таа темница, за потоа да почнат да се приближуваат, сосема бавно, токму онака како што беше потребно, за да се заборави на сѐ друго, освен на тоа нивно наидување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние двајца сосема заборавија на ноќта; дури сега наеднаш, тие чиниш почнаа да живеат, просто ги сеќаваа миговите како ги доживуваат, и како ги испраќаат, ослободени од сѐ друго, полни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа, и покрај сета нивна ненаситна морничавост, Змејко секоја вечер наново ги исчекуваше токму нив, да ги чуе, да ја здружи со нивната исконска самотија и својата, бидејќи само со нив тој успеваше да заборави на себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не треба да се заборава на гостољубивоста наша...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сум сметена, чума да ме смете, веќе заборавив на Ѕвездана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само што заборавивме на оние утрински извикувања за на делкање, за на млеко, за на нива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зар заборави на децата што ги остави дома, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сум излегла од утрини и заборавив на Ѕвездана и на Капинка. Се исчукав од умот, пушка да ме чукне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знаеше како да ја скуси здодевната безработност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во тој случај, тој ќе им плука во бунарите и сите ќе ги зарази со чума и сите тие во претсмртното стенкање ќе заборават на рајот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Воопшто тоа беше првпат кога децата толку многу се пуштија, заборавија на редот, на правата линија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Така смеејќи се, виткајќи се од смеа, заборави на казните, со двете раце сопирајќи си ја смеата рече: - Е, Леме, проклет да бидам, не се родил поголем шегаџија од тебе во целиот свет!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Би можела и да те заборавам на илјада начини... но не сакам .. ќе те памтам, ќе те чувам во умот, во душата, во срцето...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Потоа тие луѓе почнаа да пијат и сосем заборавија на џиновите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кажано поедноставено, без хаику безредија: кога ловецот е плен на неморален морал, и кога некој жирант ќе заборави на навременост од скршените садови на ланската зимница, потонат во мамурлак со срча во крвавите раце ќе сликам акварел, портрет на зборот во тесен чевел. Нено Богдан ***
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Наеднаш тој се сепна: „Ах, а ручек?“ Томеица сосема заборави на тоа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Камилски остана последниот во книжарницата. Заборави на ручекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За миг, дури, беше заборавил на бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За првпат по толку години тој заборави на присуството на телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Старецот како да заборави на својата предрасуда против испивањето еден литар пиво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг, тој заборави на сенишната фигура на Голдштајн.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само што се затвори вратата зад неа, О'Брајан како да заборави на нејзиното постоење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон за миг заборави на бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Разработувајќи ја сета таа стратегија, веќе сосема заборавив на можната вознемиреност кај Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И така малку заборавив на коските. Ба, си реков, што му ја мислам јас толку!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ѝ пишуваше: „Ти благодарам што заборави на сѐ и ѝ згази на љубовта наша...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ох, колку беше убава таа вечер. Ја тераше да заборави на сите грижи. На сето лошо што ѝ се случуваше до скоро. На она неизвесно што претстои.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Им го исприкажа својот живот и сите приклученија што ги преживеа за поминатите шеснаесет години и не заборави на крајот да ја раскаже измислената лагарија: — Ете, пак!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но Мехмед не заборави на својот род и јазик.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЈОРДАН: Така, така, тргни стрико Кољо! Заборави на младост!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: Како што милуваш, Костадине, така ќе биде... Немој да заборавиш на редот... Да дојдеш на зима...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: (Го милува). Можеш ли?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
12. Да пукнам одамна не сум имала толку долг отпочин И ќе заборавев на сонцето што изгрева на исток А и тоа галиба имаше нешто со Македонците И сонцето било ѕвезда велеле Македонците Бре бре како никој да не знаел што било сонцето А за ѕвездите допрва ќе се разјаснува Дали Македонците мислеле повеќе на ѕвездата од Вергина Или на ѕвездите од европскиот бајрак
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Можеби јас сум еден од оние кои сликаат според соништата кои одбиваат да ловат, значи да убиваат со полуотворената уста на стрелата за да ја наполнат својата и на своите жени плодови саможитни што берат и за нас се молат да има улов повеќе одошто ни треба (жените кои мислат поинаку ги праќаат своите души на срните да им бидат штитник на стрелите урок) за пречек ни принесуваат богат огрев богот на гревот ни го ложат пред спиење за да заборавиме на писокот на жртвите поостер од остриците во нив набиени за да гинеме од ноќ во ноќ непоштедени од грозата на лажната смрт заблазувајќи им на оние кои писнале еднаш засекогаш!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Зглобовите на разговорот попуштија, се разнишаја, и можеби тоа беше причина што, кога се проштеваа, таа ја заборави на стол својата свилена марама.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На Србина тогаш му текна: - Крпите, - рече. Ги имаа заборавено на масата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Заборави на сѐ. Отвори се. Скучно е затворен да си, Остави скришното да гласи, Темното да го открие.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Така, со време, заробени во волшепството на Новиот свет, двете половини заборавија на закажаниот повраток на врвот од триаголникот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ми одговори дека сосема заборавила на покојниците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само сакала да ми ги прикаже предностите со кои ја надарил животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Штом ќе види мува, заборава на себе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ако го изоставиме пиењето, а во пиењето и не беше меѓу првите, и ако заборавиме на карањето, ама и тоа му беше на туѓ јазик, тогаш и не знам која би му била големата вина пред Господа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Господи, јас навистина се посомневав дека си начнат веќе од страдот и дека вистинската болест ќе наиде малку подоцна, кога ќе заборавиме на неа; кога ќе ни се измолкне од вниманието.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
4. будење Тогај се ведрам полека смеј се напоено време по тебе место мов израстуваат огромни мостови што укротени води ги враќаат во своите токови Оваа населба од сон заборави на лазење штом себеси и неа ја крена на крупните рамена свои
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Мора да се одбере, инаку ривалските универзуми ќе се преклопат и самиот концепт на просторот ќе исчезне. Дали ме следите?“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Единствено сакам да одам дома, размислуваше. И да заборавам на сето ова.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Треба да бидеме свесни за тоа колку сме благословени и колку сме среќни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Луѓето заборавија на супстанцијалните вредности на верата, ги хибернираа мисли кон Бога, заборавија да одат на неделна молитва, да доживеат Епифанија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Наскоро заборавив на случајот бидејќи ми дојдоа другарките на посета и почнаа да ми раскажуваат како Виктор го изневерила Валентина, па како тој плачејќи трчал кај неа дома или обратно беше, навистина не знам, ми беше многу тешко да ги слушам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Многу често ме будат нејзините родители кои гласно крескаат за ќерка им да ги чуе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сите мислат дека, зборувајќи, ќе заборавиш на болките, ќе се заблудиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе заборавив на неа, трчам колку што ме носат нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нешто што можеме веднаш да го повториме, доколку твојот сопруг се заборави на работа. 2000.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Дали ќе заборавиме на цртежите што ги цртавме и на составите што ги пишувавме за убава, чиста, мирисна , цветна, здрава животна средина?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се надевам дека ќе заборавите на малата непријатност – рече Ц со извинувачки тон.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Бреза веднаш заборави на Пелистер зашто таа старинска песна многу ѝ се допаѓа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Наеднаш се најде во безистенот, среде чаршијата и сосем заборави на сѐ, зашто такво нешто дотогаш не беше видел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)