задржува (гл.) - во (предл.)

Знаеш и сама дека ништо не те задржува во Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се обидував да проговорам со овега или со онега преку ограда, но никој не се задржуваше во разговор. Им пречев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Марин Крусиќ, по години отсуство поради болест на коските, сега почесто се задржуваше во Скопје, каде во истовреме помагаше околу поправањето и доградбата на Куршумли-анот, та имаше можност да се среќава одвреме-навреме и со својот стар пријател кој крај езерото му купи една од библиите на германскиот златар, а и еден Молитвеник на кирилица.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мирно прошетува со поглед во пространата кафеана и, некако, небрежно и повеќе се задржува во длабочината од каде што јурат нескладните звуци на оркестарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш кај топлото виме на овцата-мајка Бојан го виде малото јагне, ојагнето додека тој се задржуваше во колибата и му го подготвуваше лебот на кучето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веројатно, и за неговите родители, тоа беше единствената причина што ја задржуваат во домот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Му се чинеше дека таа, свесна за својата моќ, намерно се задржува во темнините.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ќе мора најпосле да ми одговори што е тоа што толку неодложно ја задржува во канцеларијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе прашувам, навистина ќе прашувам, иако нејзините објаснувања проследени со неочекувани алузии можат да сепнат, умеат да изненадат, и често, најчесто, пронаѓаат пат за да изнудат согласност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа долго се задржува во себе, најчесто задржувана од другите книги...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како можеше тогаш таквиот нешто убаво да ти всади во душата, со унија да ти сипат од таквата наука - ништо не се задржува в глава, од едно ти влегло, од друго ти излегло.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Членот 35 пропишува дека носителите на раководни функции и лицата од кои зависи техничко-технолошкиот процес и се од незаменливо значење за одвивање на дејноста на претпријатието не можат да учествуваат во штрајк, а согласно член 36, ако вработените спротивно на овој закон ги запоседнале и се задржуваат во објектите и административните простории на јавното претпријатие, директорот на јавното претпријатие е должен да преземе мерки заради нивно отстранување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа е она што пушачот на опиум го задржува во неактивност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога се задржува во блатото што изобилува со храна, натежнува и станува трома и тука може најлесно да се изненади и да се улови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)