заличи (гл.) - на (предл.)

Присутните во свечени тоалети, огромните кристални лустери, спојот на раскошот и носталгијата ѝ заличува на телевизиските преноси на Новогодишниот концерт во Виена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ми заличе на пеперуга залепена со целофан на лист од хербариум.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Снеговите што се заредија му ја покрија короната и заличе на незакопан мртовец.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Беше со куца нога и троа рогат, но со најголема желба да заличи на Бога.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му заличил на нечистиот и го зел за модел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И јас заличив на инженер, облечен во виндјакна, со чевли планински, со повисоко грло, и со една капа со сенчило, која понекогаш ја ставав, а понекогаш ја вадев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според турканицата пред шалтерот за багаж, во чекалницата, а и внатре, во леталото, авионот Скопје – Виена може да заличи на автобус со крилја.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Поточно, таа и нејзиниот монолог, зашто Тој беше нејзиното ехо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Чаршијата за половина час заличила на пустина. Занаетчиството и трговијата престанале да функционираат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога Тодора го најде таков, бел како изваден од варница каде несреќно се струполил, крвавата чалма веднаш не ја препозна: таа ѝ заличе на покровот Христов од манастирот Нерези, со кој пред векови му ги завиткаа светите рани на божјиот син.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еднаш, церибашата Осман-ага дојде во одајата на ќајата по некоја своја приватна работа, но тоа што ибн Бајко не се свитка и веднаш не излезе да ги остави сами, не заличе на дрскост, туку на понизност што бара да е на услуга.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Многу ми заличи на Михајло Горачинов... Човекот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слегувавме почесто во Техеран, купувавме алишта, чевли, да заличиме на луѓе, и одевме од едно конзулато во друго: турско, руско, но виза во ниедно не можевме да добиеме. Ни велеа само: чекајте, чекајте...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само за миг, обликот ми заличува на заробен човек, обвиен со мека но непропустлива чаура, како инсект фатен во плунката на паукот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Ау, жив си, а помислив дека си се чпиртосал! - реков онака, на шега.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во таа вечна трка некое одамна избледено искажување, што му го дофрлил некој делегат во Собранието, дури во овој момент му заличило на полна чаша отров плисната пред неговите нозе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми заличи на изненадено дете кога ќе ја здогледа саканата играчка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш ќе си дозволеше малку слобода, па на некој остаток од платно или картон, гребејќи по дното на празните кантички со бои и со некое зафрлено чкорлаво четкиче ќе измачкаше нешто за кое видно се беше потрудил да заличи на слика, но за туѓи очи уште беше неповрзана фантазмагорија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Салонот заличи на дупка пештерска низ која водопадната струја распрскува, шприца насекаде. Убавицата свампиросува.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сите наеднаш ги подадоа рацете и ме зграпчија и, пак наеднаш, ми заличеа на луѓе што се горди со својата победа. Пееја...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Разулавените граѓани рушеа сѐ што беше златно, па градот заличе на град нападнат од диви непријателски орди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И нас ќе нè ослепи; ќе свикнеме да живееме во темница, ќе заличиме на буфови...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ќе се извардам пак наоколу, вели, и полето одново ќе ми заличи на нашено, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)