И сума друзи работи  на срце што ти легнале  да не можеш да искажеш,  а сал да збираш и тлееш,  од ден на ден да црнееш,  до дека јазик свој роден  не зарѓа не занеме  и прво млеко цицано  од топли гради мајкини  во отров не се преврти.
               
             
           
            
            
              „Робии“
               од Венко Марковски 
              (1942)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Доста просто занеме и не знаеше дали да ја кара невестата Тода или да ѝ заблагодари за пријатната новина.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  тој распалил едно ситно: лиду, лиду, лиду, лиду, и ние играме, ама лабаво, ко кал за црепни да газиме, не ти носи душата да играш делнички и со пијани војници од таму си некаде, од мајчина им, не си за никаде, мочано време, и се нишаме небаре треската да не фатила, се правиме тресиопашки, скокаме наситно, а старшијата само ја ситни свирката и тогаш пукна пушка и старшијата ја олабави гајдата таа писна и занеме и во гробиштата влегоа други војници, кај ќе бараме и за овие кокошки, си велиме, и излезе еден поголем од старшијата, со едно кило петлици нареден, и вели: отечеството крвари, а вие играте, и колкумина имате српски војници, прашува, ами колку што забраа Србите, велиме, колку што им требале и броиме на прсти: Насте, Петко, Митре, избројавме дванаесет.
               
             
           
            
            
              „Пиреј“
               од Петре М. Андреевски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Учителката се оптегна на клупата пред нас, занемена и вжолтена.
               
             
           
            
            
              „Дружината Братско стебло“
               од Јован  Стрезовски 
              (1967)