заспива (гл.) - на (предл.)

Се викаше Шарлаган- кан и страдаше од чудна болест: заспиваше на нозе и со отворени очи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се изморувал Панделиј Каламарис, проплукувал крв и заспивал на нозе - ќе продреме, ќе се тргне и пак: од работилница до работилница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога, по предвиден број часови, ќе завршевме со работата и вечерата, се повлекувавме во странични отвори на тунелот и спиевме во слама, покриена со ќебиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Најпрвин бил водач на маски со кои се распоредувале бурињата со барут носени од места и по патишта што само тој и главарите ги знаеле, потоа му дале да определува деноноќни смени во работилниците за оружје, да бдее над мајсторите, да ги испитува пушките и камите и, според распоредот на бунтарскиот командант Кара-Тошо, да им ги доделува на нестрпливите чети на чие чело веќе стоеле војводи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)