извади (гл.) - на (предл.)

-Туку, водете сметка, зашто гркланот ќе ви го извадам на двете, само ако врз куќава „падне“ лоша сенка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ги раздиплив картоните меѓу кој лежеше акварелот, кога го извадив на дневна светлина, забележав оти тоа не беше портретот со лузни, темен и оскбен, тоа не беше ликата на остарената, грешна и гнилежна Ангелина, туку во боите сјаеше ангелско лице, онакво какво таа го посакувала во молитвите упатени до Троичниот Бог и Пресвета Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Твоево подновено интересирање ме вади од такт. Можат некој ден да ми попуштат нервите и да ја извадам на видело.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ако сака да а продава ќерка и, нека a извади на атпазар: кој џамбас ќе даде повеќе, на тој нека му а даде, a јас не су џамбас со кобили да трговуам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Или, можеби, ништо не криеше. Како орев од кој вешта верверица ја извадила на неразбирлив начин јатката оставајќи на тврдата кора фантастично мало дупченце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вистина има коски и черепи горе, ѝ велам, ја сронала водата земјата и ги извадила на јаве.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)