измие (гл.) - на (предл.)

Деветото господ ѝ го задржа, и го крсти Трајан за да трае, а Блосоениот по „Блосоените врби“ под кои го изми на изгрејсонце.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дури и ако наидеме на некој белег од поразите по упорното копање во себеси Тој одвај забележлив срамен податок Ќе побрзаме во првото утро да го измиеме На кладенецот на заборавот со рацете на сонливиот Пилат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се изнамилуваа до наситка, станаа, се измија на изворчето, поручаа и се напија студена водица и се заколнаа еден без друг да не умират.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Ех, - рече Шишман, - да слеземе долу во дворот како божем да сме тргнале да одиме да се измиеме на река.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Толе претчувствуваше дека по нападот на Витолиште ќе тргнат потери по него, та требаше да се позасолни некаде подалеку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се измивме на јазон, фрливме вода преку рамена, и се токмам да разотворам врати, пенџериња, да ја сменам водата во стомните, да заметам, да проветрам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)