искачи (гл.) - во (предл.)

За награда, го искачиле во рајот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Утредента јавија дека ќерката на логотетот, секое утро се претворува во пајак грд, влакнест, и дека од креветот се искачува во аголот на собата, каде си плете своја вселена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа полека, со напор, потпирајќи се на ѕидот, се искачи во плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога ќе се смиреа нивните тела, кога ќе се смиреше чунот, се враќаа наназад на брегот: Царјанка продолжуваше да ги бели алиштата, а Трајан да трча околу селото, да се искачува во муренковите бавчи, да шета низ костенарот, да крши дренови прачки, да шврка со нив низ воздухот, да свири, да вика, да пее, да го исполнува сиот простор со својот глас. 6 Портрет на куќата од Маруш.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ваквото сфаќање е карактеристично како за Аристотеловата традиција, така и за модерните емергентистички теории.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
4 Еднаш искачен во метафизичките височини, филозофот-метафизичар многу тешко се симнува од нив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веднаш сфатив, оценувајќи ги внимателно размислите, дека во овие нови околности на нашиот живот неговата силина и машкост многукатно се имаат зголемени со оглед на местото и положбата што ја заземаше во извршната власт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Толку високо се искачи во своето херојство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Паметам, јас и моите врсници бевме уште деца кога истиот тој Бунде нѐ искачи во високата кула среде градот со единствена цел да не фрапира вадејќи ја од панталоните назрејаната скапоценост со глава на лисец.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)