искачи (гл.) - на (предл.)

Грета: Ти си пострашен од горилите. Кога би те сретнале во џунгла веднаш би се искачиле на дрвја од страв.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лобо: Баш си педер. (Се бричи) Да не билдам би сакал да сум влакнест како горила.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Само што се искачија на рамницата од каде што се гледа селото, Никола се опушти, се симнаа од коњите па им заповеда да легнат да се одморат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Едно пролетно утро, искачени на Калето, по обичај, погледите првин ни се упатија кон плоштадот и сега се судрија со една необично подвижна белина што наполно го исполнуваше просторот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Партискиот секретар на градот и градоначалникот се искачија на парадната бина за да се сретнат со водачите на козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но ваквата желба ја остварив во Сахзенхаузен - тоа е еден од подалечните квартови на Франкфурт, во кој има неколку пиварници и една многу висока кула, во која можеш да се искачиш на височина од 144 метра над нивото на Мајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гледаме: Коле се искачил на некакво дрво и нѐ вика.Се качивме зазбивани и испотени.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тивката августова вечер им помагаше да можат да слушаат далеку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Војводите со своите четници пак се искачија на високата, со гора обрастена, тумба — „Становица".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бати мажот, се качувал на Кинескиот ѕид, а не се искачил на Галичица!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само да е убаво времето, па да се искачиме на Гола Глава, па овците да пасат околу нас, да треперат ѕвончињата, а небото да биде сино и мило, само некое орле да се гледа во височините, па да седиме и јас да ти ги покажувам далечните планини, Пирин се гледа оттука, и Рила се гледа на север, Беласица можеш да ја видиш, и сѐ се гледа, и од некаде ветре долетува и носи миризби од некоја далечна гора, од некој нестопен снег, па ти е мило, па ти се сака да ги рашириш рацете и да леташ...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Така сигурно се прашувале сите што сакале да се искачат на Орелска Чука, а не можеле или се откажале.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како извор како глечер што под карпата се буди Искачен на лесни нозе а со копита од кремен Облак пенлив што го знае секој камен секој срт А по дното на поилото само еднаш кај ќе згазне растат млади месечини.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ноќта, искачен на највисокото ребро на чатијата Мајсторот запеја и низ песната се мачеше Да ја дофати најубавата ѕвезда врз него, За потоа, кога ќе се врати дома, Да ја скрие меѓу навезаните цвеќенца на веленцето Со кое го покрива внучето За да му трепка врз неговиот сладок сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тука го позајмува неговото име, станува Градишки Пат, и под тоа име, кршкајќи, грбавејќи се, стенкајќи, одморајќи се и припазувајќи се од дивина, која секој миг може да истрча од орманот, се искачува на сртот, кој е гол и зарамнет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така, некогашната населба од само неколку многучеладни домаќинства, - Митреските, Перуноските, Ендоските, Бозоските и Ѕвездакоските - излезе од Дупка и непречена од никого, а не смеејќи да запоседнува обработлива земја, се искачи на најниските, неплодните, падини на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се искачив на копата за да извидам дали гори некаде нешто и го здогледав него, уште додека беше таму, зад Зедница.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Инаку, тој товар, барем според начинот на кој го носи, потсетува на некој вид непознато оружје.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сериозниот професор си игра криенка со сенките! На рамото обесил ранец. Голем ранец. Всушност потсетува на војник казнет да искачи на планината тежок товар на рамото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се искачив на насипот кај Земанек и му реков: „Го суредив гомнарот“, а тој гледаше престрашено во мене и велеше: „Ти си луд, човеку, ти си сосема луд!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се искачивме на насипот и јас, без никаква видлива причина јурнав да трчам код мостот; зад мене Земанек викаше да застанам, да го почекам; јас не застанував, јурев кон тунелот, влетав во него, трчав и пеев: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција“; трчав кон светлината, но експресот веќе беше поминат и не можев да сфатам дека веќе нема ништо пред мене, освен светлина; и во моментот кога излегов на светлина, кога градите ми се полнеа со воздух (каква страшна болка во градите!), видов дека Земанек допрва влегува во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во претсмртните ливчиња на отец Мида стои, од збор до збор: „Каде и да застанев, тој ме гледаше, оти беше на сферичната купола, како да е искачен на небото, од каде сѐ се гледа; ме гледаше и како да сакаше да каже: не можеш да се сокриеш, да избегаш, да куртулиш од мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му наредија да донесе железо, штици, камења, греди, песок, кламфи, клинови, вртки и одвртки, синџири, железни плочи, клешти, брутови, токмаци, пили и со сите сили да го искачат на највисоката точка од планината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Па се симнав како слон под кој крцкаат металните скали, па повторно се искачив на масата и почнав да дишам и да задржувам воздух, да се напнувам како балон пред пукање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во летната медитеранска екстаза на Езерото, кога над него владее огромната сина тишина, нема човек, посебно поет кој искачен на вишинката кај манастирот Свети Наум не чувствува потреба да напише песна туку е обземен од внатрешниот неодреден порив да ги - раскаже разликите од светот од кој иде!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Без Бургиба Картагина умираше повторно пред рамнодушната на нејзините жители.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Човекот без брада се искачи на своето седиште.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се искачи на брегот да види дали од сливањето на дождот во дувалото ќе има поголема пареа и да види дали температурата се покачува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од викањето се разбудија и другите селани, дотрчаа со садови, се предаваше водата од рака на рака, се правеа синџири од луѓе и се фрлаше водата; но нејзиното мало количество како да го потсилуваше огнот; некои од луѓето што беа похрабри, потпреа скала на ѕидот од куќата и се искачија на чардакот фрлајќи вода за да не се зафатат одаите и чатијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се искачи на највисоката точка на центарот и безнадежно разгледуваше. Ништо не виде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Борбата продолжуваше... Неколку жени и деца беа искачени на малата височинка. Оттаму се гледаше друмот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Како маченици кон светлината дури се искачувавме на постела од распеана литургија плачеше младич а поплава надоаѓаше од ридовите И кога надојдоа водите и кога се искачивме на ридот гледаме летото како се ниша од гласот на младичот - врати се девојко моја горка, со златен меч сонце преполовено мое.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Во тишината, луѓето си ги припашаа оклопите и се искачија на коњите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сонцето веќе беше искачено на небото и насекаде се чувствуваше утринската свежина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Царот стана. Беше замислен: „Сега можеш да ми покажеш што си видел.“ Минаа низ градината, преку тревникот и малиот мост, потоа низ коријата, и на крајот се искачија на една мала нагорнина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дедо Геро, кога ќе немаше некоја работа, заедно со Јонета и со Гелета, ќе се искачеше на ледината над Петров Камен од каде што се гледаше далеку, далеку наоколу и ќе уживаа во убавините на Преспа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Штом го допи, издивна и се задиши како кога човек ќе се искачи на некој висок рид, но сепак радосно и гордо им рече на другарчињата: - Деца, испив десет шишиња!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А така не би стигнал ни подалеку од врвот на Хеликон, ниту би ја надминал славата на тие што се искачија на врвот за да проверат дали се втор!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Се искачивме на една падинка во прнарот под шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се искачивме на Малимади.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние се искачивме на горната ледина над зимниците Јанески за да му кажеме на стрико Симо за срната бидејќи се исплашивме дека може да ја испушти и таа потплашена да му избега и да удри право во Турците ловџии.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Бреза веднаш се искачи на високите столови крај шанкот, а јас застанав од другата негова страна, каде што обично гостите ги послужува шанкерката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Возот веќе беше поставен на вториот колосек кога ние се искачивме на перонот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)