искуси (гл.) - во (предл.)

Дедо искуси во животот време од Отоманското Царство, од Балканските војни, но и дел од времето на Големата војна, додека на татко ми му остануваше да живее во дел од Големата војна, па Втората светска војна, времето на фашизмот и на комунизмот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оттаму, “да се истражи било кој идеолошки поим (појава) значи тој (таа) да се искуси во определен идеолошки контекст”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според Саркањац, единствено преку учеството во ‘формата на животот’ може да се разбере општеството на една определена идеологија, бидејќи самата ‘форма на живот’ е одраз на еден идеолошки дискурс.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)