И кога седна на брегот да почине  забележа едниот брег со другиот брег  како си подаваат стебла, како ги префрлаат  преку себе, испреплетуваат гранки меѓу стеблата;  камењето што го фрлаше тој од дното  бреговите го поземаа и го ставаа врз стеблата;  посипуваа земја врз нив,  и некаде на залез, забележа, тој,  бреговите сами го направиле мостето  спроти воденицата.
               
             
           
            
            
              „Ненасловена“
               од Анте Поповски 
              (1988)