Тој постојал на вратата толку време, додека жената не си ги отпетлала своите раце од околу вратот на Големиот Ристана, а после, кога тој останал сам како стожер среде таа соба, го зеле и жената и главниот инженер и го истуркале низ вратата.
               
             
           
            
            
              „Белата долина“
               од Симон Дракул 
              (1962)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Попот се откажа и од ќерка си Бисера што го прибра Крлета и еднаш, кога таа отиде да го види, да му ги земе алиштата за перење и да му занесе едно грне кисело млеко, толку го налути кога му рече в очи оти тој е крив, а не Крсте, — го грабна од полицата грнето, и го удри од глава и ја истурка низ врата со полна уста клетви:  —    Еве откаде дуел ветерот шо ми го подветрил детето, да даде господ нека срдешница да а вати!
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Зарем нема ти да се трошиш, - рече и како да го истурка низ порта.
               
             
           
            
            
              „Будалетинки“
               од Мето Јовановски 
              (1973)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Тој истешко стана и нерешително тргна, надевајќи се дека сепак нешто ќе го подзапре, но таа упорно го следеше во чекор и не го остави да се сврти кон неа, барем да бидат лице в лице кога ќ е се збогуваат, и просто го истурка низ вратата пред ја тресне и да ја заклучи.
               
             
           
            
            
              „Синовски татковци“
               од Димитар Солев 
              (2006)