Посакувам да ти ветам бесрамнику  Штом студен здив твој сетам  Секој мој стих повикува на двобој  Мунковски испиен блед лику  И ќе го вплетам во тебе знај  Ко игла со која Дервишот  Ја докажува моќта на потсвеста  Гласно во овој миг велам – Иш  Искреноста е мудрата сестра  Направи трик – исчезни  Да го почнеме од почеток нашиот крај  2007
               
             
           
            
            
              „Сите притоки се слеваат во моето корито“
               од Марта Маркоска 
              (2009)