кладе (гл.) - на (предл.)

Митра донесе венци, вино и поскура. Стојо го истркала бурилцето на сред земник; ги кладоа на него овие работи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој го сметна сега и качкетот и го кладе на колено, како да сакаше со тоа да рече: што ме мислиш ти мене?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Да видиш само колку весели бои имам кладено на себеси а не им е моментот!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неговите зборови јас многу-многу не ги кладов на умот зашто цело време гледав што ќе прави Киле. Фодуло дете беше тоа Киле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја кладоа на кантар Јовановата тринаесетгодишна „б'лгарштина"; ја кладоа и тригодишната „српштина", но последнава натежна некако по Милановата преценка, та Јован беше принуден да фрли уште сто лири на тасот од бугарштината за да се израмни со другиот на кој беше неговата српштина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тврдеше дека Доста ја кладе на жарот да се пече како риба, но благодарејќи на гламните, не се запали.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра отвори, зеде еден сомун чист леб, го кладе на софрата и Доста си ја крена и си ја занесе пред машките. Со клавањето му вели „добре дојде, дедо Петко", а и на Илка да му го врати намигнувањето му вели: „е добре дојде и ти Илко", — и му чкрапна со левото око.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)