клекне (гл.) - на (предл.)

- Да ти се клекнам на умот, му велам јас, веќе го зедов на заб.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Држејќи се со обете раце за половината, човекот полека се свитка и клекна на коленици, се обиде со уште еден напор по тој напор да продре со влажните очи во темницата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Жените влегоа во црквата, запалија свеќи пред иконата на свети Наум, клекнаа на гробот, му се помолија, оставија дарови и си заминаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да ти се клекнам на умот, ако можам некаде да ти го најдам, му велам, оти умот стои в глава, а ти го носиш во газот, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има уште илјадници души од родот твој што како и тебе не клекнаа на колена и им останаа верни на коските на своите татковци!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Публиката збесна од смеа; некој бараше тоа да се повтори на „бис“, но јас одбив; зад завесата, ѝ реков на Луција дека е доволно, но таа инсистираше тоа да се повтори; јас велев „Не“, таа ме молеше, дури клекна на колена пред мене зад сцената и јас одеднаш реков: „Е сега навистина е доста, Луцијо; ти уживаш да ги понижуваш луѓето, но сега е навистина доста!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа му доаѓа како да клекнал на коленици и така му се моли на Алаха“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)