клоца (гл.) - со (предл.)

Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И колку таа го стегаше со коланот за да не е упадлив, тој при скокањето уште повеќе ѝ се испакнуваше, а чувствуваше како и зародишот игра во неа, ја клоца со нозете, мава, лутејќи се што го стега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Добро е, - рече, - добро се сврши, уф! - просто офна тој, па стана и почна да се валка низ тревата, да кубе папрат, да клоца со нозете, да се смее.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе се потпикнат некаде и ќе почнат да клоцаат со нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа се прпелка во правта, клоца со нозете и колне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
При секој погреб, музиката одеше напред, по неа децата со бајрачиња, па попот; по попот мртовецот, а по него фамилијата гледајќи в земи, подофнувајќи си и придржувајќи се под мишките еден со друг; зад нив одеа роднините, блиските, потшепнувајќи нешто меѓу себе за клетата судбина на покојниот и издивнувајќи, по нив одеа подалечните пријатели и роднини, зборувајќи дека овој живот е ништо, ветер, сон, дека еден ден и нив ги чека ова; најодзади, раштркани без ред, чекорат, се влечкаат далечни пријатели, познајници, соседи, луѓе што од грев или милост дошле, зборуваат гласно меѓу себе за сè и сешто: за злобноста на овој свет, на овој живот, за лакомштијата на луѓето, за глупоста, за јаландуњата за лажовниот век; ја прекинуваат поворката кај што сакаат, стрчнуваат во продавницата да купат нешто, и пак се враќаат, клоцаат со нозете и по добиците што рикаат и се мешаат со поворката, се пулат во жените што запрегнати во кошулите перат алишта на езерото; разговараат за војните, за времето, за бериќетот; носат срп или вила со себе, и штом ќе стигнат до црквата, не чекаат да го стават мртовецот в гроб, туку се распрснуваат кој каде по работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко ми ме носеше в раце и плачев толку силно и клоцав со нозете што еден човек му викна на татко ми: Лазо, зошто детето не го остави дома, само го мачиш!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Отец Висарион се заниша, кркорејќи и откако падна на земја, почна да клоца со нозете, како обеспрашена пеперуга, - Сега врати ми го ножот, ми рече војводата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие само клоцаат со нозете и викаат;„ура!“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Клоца со копитцата, кркори и полека ги превртува очите, се истегнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)