концентрира (гл.) - на (предл.)

Потоа, е потоа научив да ги споделувам работите. Не бев повеќе сама.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тешко се концентрираат на една работа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, при оценката што ѝ недостасува на оваа млада, недоразвиена демократија, обично одговорите се концентрираат на незадоволителното досие во поглед на остварувањето на личните и политичките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Залудно ги правев сите тие лоши работи, таа секогаш се концетрираше на бебето. Ме молеше да внимавам на него.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- А-ха, - тетка ми кимна со главата и забележувајќи една трошка што по грешка останала на масата, се концентрира на неа со погледот и потоа внимателно, како да е мравка и како да ќе ѝ избега, ја приклешти меѓу палецот и показалецот и откако стана, ја фрли во кантата за ѓубре под мијалникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По кратко молчење во кое никој не ми понуди објаснување, прашав зошто Кристина ја избркала мачката; да не е некој алергичен на мачки или нешто слично.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Давајќи ѝ на мислата целосна слобода да талка, попатно почнав да се концентрирам на дишењето, всушност, на една одредена техника.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Само енергијата почнувам да ја концентрирам на друго место. Во друг правец.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)