Оти од порано уште чуле  Дека таква била нивната борба  Додека се гине да се пее  И како такви уште и фала ѝ викале на песната  Песна нас је одржала, њојзи хвала  Ами како, ептен и за навек хвала  Песната си е песна и како да свртиш  Таа ич не е виновна што има секакви  И уште повеќе што има никакви пејачи  А никакви пејачи имаше и кога ги снема  Патеките на соништата поплочени со петокраки  Даже ептен никакви пејачи  Кои чкрипеа како недоправени верглови  И ги раскажуваа своите селански соништа  Истопорени на градските плоштади  Кои буричкаа во стари и туѓи соништа  И кои на ангро крадеа туѓи соништа  Крадеа на јаве се што ќе им дојдеше на сон  Крадеа и на сон се што ќе им дојдеше на јаве  Колку што крадеа и малку се џимкаа во сонот  Нивната девиза не беше мирен сон и чиста совест  Колку што не разбираа арно што воопшто сонуваа  Ако за сон може да се есапи  Само уништувањето на старите соништа со петокраки  И ако за сон може да се есапи
               
             
           
            
            
              „Сонот на коалата“
               од Ристо Лазаров 
              (2009)