лее (гл.) - во (предл.)

Одеше по жени да дознае нешто повеќе за него, отиде кај турска бајачка дојдена од херцег-Босна, а еден ден скришум ја посети Мадам Мими, еден медиум чии огласи за натприродни моќи, претскажувања, симнување магии, лек против уроци и наоѓање исчезнати, повеќепати читаше во весниците, додека во нив ги замотуваше завршените алишта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Треска“ наскоро ќе почне да произведува мебел од полиуретан, еден вид специјална материја која се добива по хемиски пат, а која, со специјални машини, се лее во тврда и мека маса.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде, исклучиво или најмногу во Македонија, младоста на овој народ, момчиња, девојки, млади двојки, многу со деца, густо одат преку океанот, се леат во река без враќање ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така Рафаил Давидовиќ засекогаш исчезна од шумното дорќолско маало.  А овој кутриот, пак, фати уште повеќе да се грижи за мајка си којашто одново остана со скршено срце, зашто колку и да не сакаше да си го признае тоа, горчливите солзи што сами се лееја во квечерините беа доказ дека прави разлика меѓу децата: Јехуда ѝ беше сигурната надеж во животот, но Рафаил, сугарето палаво, ѝ беше миленикот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)