летне (гл.) - да (сврз.)

Во првиот миг малку нѐ штрекна, се поисплашивме, што е оваа работа рековме, го оставивме појадокот и летнавме да видиме што се случило.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Жените и децата припиштеа кога видоа дека гори куќата и летнаа да бегаат надвор од дворот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа се качив на Дорчо и летнав да бегам по друмот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Голема желба во животот имам на струшки вечери поет да бидам на езеро ладно пиво да пијам на струшки ручкови у фаца да им ждригам Не, јас неможам во Скопје да седам неможам шмизли и шминкери да гледам запалив кола во Струга ја летнав да одморам душа од џунглата штетна Облеков шорц на плажа отидов Гавазова Сузе на кајче ја видов решив да пријдам го скршив мразот и видов паун тетовиран на газот
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Истата пролет, некои деца од домот „Напредок“ од некој сличен дом, што успеале да избегаат, кога стигнаа во градот и кога чуле за нашиот дом, без премислување летнале да се вратат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја познав и летнавме да бегаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)