меша (гл.) - на (предл.)

ДЕПА: Ти не ѝ се мешај на жената, сака од куќи да му рече со здравје. Таму ќе биде повторно.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ме слушаш, ало? Некој нѐ наслушува, вели, ни се меша на линија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ораџиите нестрпливо чекаат валцерот на младенците да ја отвори сезоната. (Се обложувам дека онаа прекрасна воздржана госпоѓа за два часа ќе меша на маса.)
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)