може (гл.) - понатаму (прил.)

Само што го премина првото скеле, еден од работниците, не можејќи понатаму да продолжи, запре.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И тргна поворката низ снегот, но кога дојдоа до патот што се качува по брегот кон гробиштата, на него имаше изнатрупано толку снег и навејани толку соспи, што не можеа понатаму и решија да го менат патот: да свртат на другата страна на брегот каде што имаше помалу снег.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
До извесен степен деконструктивните постапки можат да се учат, но самата деконструкција не е предмет на настава, не е знаење што би можело понатаму да се дава.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не би рекол дека деконструкцијата генерално воопшто може да се предава, но таа може да допушти одредена настава и да произведе правила што можат понатаму да се посредуваат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Што можам понатаму. Да ја гледам својата кариера.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не можев понатаму, сакав да избегам што подалеку од овој ужас.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како да се заборават тие стравотии?... Во кој скришен дел од мозокот ќе ги смести човекот за да може понатаму?...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Некако ги поврзуваше тие работи со училиштето или со семејството, па кажуваше по некој збор за нив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа цела ноќ размислуваше што би можело понатаму да стане.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)