моли (гл.) - на (предл.)

Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му се молиме на бога што побргу да се случи тоа. Само му се молите на бога, се обиде да ги праша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И кога пак на грчки ѝ го читале писмото за двајцата внуци кои лани останале меѓу карпите на Клефтис во Грамос, дека и тие јуначки отстоиле за славата на Грција, тогаш нејзиното срце не дознало гордост, не почувствувало достоинство, туку се згрчило во непреболот и во навредата затоа што тие, имајќи своја земја, свои корени натопени со крвта на толку други јунаци, во писмата и пишувале оти загинале како Грци за Грција, а неа затоа што не го знае грчкиот јазик и в црква не го разбира попот грчки и не знае на грчки да му се моли на Бога, ја презираа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ме чекаше малку напор со испитната сесија, но се надевав дека ќе успеам сите работи да ги средам на време и се молев на Господ да биде со мене кога ми е најпотребен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сретна многу познати, уште од она време на крвавите воени години и се изненади - луѓето се менеа, имаа други лица и други облеки, а тој, влечејќи се по врелата калдрма, уште му се молеше на својот бог по крчмите и се кострешеше како гладен вепар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не ги пушташе ни луѓето што вртеа околу манастирот дојдени да се молат на гробот од свети Наум за спас, ниту питачите што бараа леб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Околу гробот на свети Наум полегнати се болни луѓе, сакати, слепи, неми и му се молат на чудотворецот да им помогне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некои од селаните по цел ден клечеа на колена во црквата и му се молеа на бога за спас.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се нишаат така, се клањаат, му се молат на бога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И се моли на мртов, и мртвите ќе ги разбуди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ги прошетал нивјето негови, си ја прошетал куќата, и најпосле летнал и отишол дури на манастир на Богородица на Трескавец, та застанал на кубето од црквата и многу ѝ се молил на Богородица, за да му поможе да појде на штрков вилает и пак да си дојде и човек да се стори, та три години ќе служел на манастирот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Митровденски задушници - а гробиштено празно. Си се гледам - насон си се гледам изморена, папсана, исплашена - да не би вака самсама да се струполам - а нема никој да ме крене... па сум фатила да ѝ се молам на Богородица Мајчица - Помогни ми!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Гласот му доаѓал од далечина и од минатото во кое еден друг Мечкојад сѐ уште во темна пештера глода коски на ѕвер и во кое тројца болни од проказа му се молат на господа да им ги земе душите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш на игуменијата ѝ се причинило дека и од очите на тој Онисифор Мечкојад никнуваат влакненца, се кадрат и се замрсуваат, и дека е тој сиот едно големо клопче козина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еврејските попови за тешки дукати му се молеле на својот светец, Парамахуј или Махупаруј - не се сеќавам, клечеле во авра, пееле, светеле и вода и масло, ја прскале куќата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доаѓал ноќе и ги кршел чиниите или ги тркалал тепсиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа Бошко Манев го исплаши уште повеќе, та почна да му се моли на Дика и да го колне во сѐ живо и мртво да му помогне некако, па нека сака што ќе сака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во срцето ѝ биеја камбани.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ништо не му одговори. Сети дека образите ѝ се бледи и студени, па во тешка достага му се молеше на Бога да ја упати, да ѝ каже што е должна да стори.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Филип Кралот се ожени со Клеопатра! На свадбата Атал, вујкото нејзин, се опи ги тераше Македонците да им се молат на боговите за да им родат престолонаследник на Филип и Клеопатра.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
И ќе се молам, цела ноќ ќе му се молам на господа, поскоро да ме прибере кај него, кај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)