Додека стариот, седејќи на столот како да не се мрднал откако се вратил, со рацете в скут, а не на маса, да не му се гледаат како се тресат, гледаше во него со очите без сјај, но сепак со една искра од можна мисла; „Ме држеа мене, сега сакаат и тебе”.                       На Ване му беше доволна и таа искра за да му ја сфати смислата на погледот.
               
             
           
            
            
              „Синовски татковци“
               од Димитар Солев 
              (2006)