навалува (гл.) - на (предл.)

Тогаш почна да навалува на Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зема карамела, се навалува на седиштето, замижува, тоне, и си се чини самата во зајденоста како некоја мала птица што лета, лета, ѝ се уморуваат крилата, ѝ се уморуваат рамената, и негде пак ќе треба да се спушти за починка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вистина, првата ноќ, кога веќе се беше вратил во гробот, му се слоши.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поради тоа веќе не навалуваше на нејзините гради, бирајќи помирни места, околу бутините или слабините.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И навалуваат на куќата, на вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)