навикне (гл.) - на (предл.)

Си реков, па добро де, признавам, навикнав на нејзината точност, и сега ужасно ми пречи што јас морам неа да ја чекам.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога навикнавме на таа едноличност, на тоа сивило, вторникот во бавчата се раздени добиче што тонеше в земи, слепи близначиња шетаа по дворовите и пееја, и така, Ноќта ми се пристори некоја небесна тишина во која не се слушаше ништо освен оној вечен звук на земјата дури се врти.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој не беше човек кој немаше навикнато на осама, но сепак - тој тоа сега го открива - едно вакво живо суштество, суштество какво што се покажуваше неговиот, сега неговиот, грифон, Грифи, таа негова осама сепак не само што нема да ја нарушува, туку и не ја ни осиромашува...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога се исправа пред седелката, со левата рака држејќи се за дрвото, а во десната држејќи го секирчето, некое време се навикнува на темницата внатре, потоа, кога го здогледува бувот, исправен и скукален сред седелката, го зема со секирчето од страна, оддесно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некои од нив што гостувале овде и порано и навикнале на слични пречеци, имаа обичај да не реагираат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Навикнат на патетичниот глас А.А., обземен од тивка летаргија, со мислите пренесен во далнините, во среќниот архипелаг на сеќавањето во кој средишно место заземаа Мајка, Татко, семејството, книгите околу нив, од занесот ме будат гласните, како по команда, зборови на К.К.:
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имитирајќи ја Кети, и таа се навикна да работи боса во градината, нејзините нежни стапала постепено се навикнаа на калта, па дури и уживаа на мекото цедење на земјата меѓу прстите на нозете.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеби некој го вдомил, се навикнало на улицата, или го згазило кола.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Токму сакав да ја прашам дали татко ми не се решил да се ожени со учителката Вера, тетка Рајна ми рече: - Зарем не би можела да ја сакаш, или барем да се навикнеш на некоја жена како што е учителката Вера?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кутрата Марина! Како ли ќе навикне на оваа туѓа жена, која треба да ја замени мајка ѝ... и тоа толку брзо, на маќеа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Навикнат на фактот дека кај нас - а така е и на сите други страни - авторите премногу лесно ги освојуваат сите можни жанрови, веста ја примив повеќе од скепса одошто со љубопитство.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа бргу се навикна на новите звуци (чудни се патиштата на човечката психа, оти човек се навикнува на сѐ, дури и на најбизарните нешта), но сфати и дека оваа „криза“ не е забава, не е диско и дека со неа нема заебавање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Евтина светкава дискотопка се вртеше во средината на салата, а кога очите му се навикнаа на темнината, тој виде дека местото е полно со мажи, сите седнати по двајца-тројца во сепареа слични на нивните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се навикна на самотијата, која од поодамна ѝ беше најверна друшка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секогаш сѐ правиш сам и толку си навикнал на тоа, што просто се чудиш кога некој ќе го побара твоето друштво.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Потоа се заглавивме во процедурални објаснувања: одолговлекување на молбите за финансирање фестивалска компетиција и нивното префрлање од едно до друго министерство, кое се грижеше младите уметници да не се навикнат на пари, па како превентивна мерка - не им ги даваше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Со време навикнавме на неговите сѐ почести исчезнувања, на неговиот чуден живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Навикнавме на границите. А на Балканот нема педа земја кај што нема некаква граница!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Фронтот како да беше поставен спроти свлетлината на хоризонтот; сега ќе треба да мине доста време додека војниците навикнат на темнината; тогаш ќе почнат да го распознаваат бришаниот простор пред себе и ќе го заборават хоризонтот од загледаност во заплашувачките поединости пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Уморни очи, скржави солзи, рамнодушни погледи и ладни чувства, како стареат луѓето се навикнуваат на рамнодушноста, стануваат кербери, фанариоти, чувстваат константна неудобност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Моево срце некогаш пишуваше романтични приказни во долгите непроспиени летни ноќи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
— Сакам да се навикнам на молчење, вели, по смртта ќе немаме друга работа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеме очите да ги навикнеме на студената темница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас веќе се навикнав на своите порази, вели, и сега не можам без нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не го познаваше човекот отаде жицата, а тој, позадинец, навикнат на крепко спиење далеку од фронтот, со врски до самоти врв и со клучот од лебот, месото, шеќерот, брашното и што ли не друго, дали сериозно ќе го разбере ако му се претстави само со името?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беа навикнати на постојано движење. Сега закопани в земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И кога почувствува дека догорчето му гори прсти, ја истресе пепелта и како да се жалеше некому, рече: - Навикнавме на кал, на студ и дожд, на глад и жед, на магла и виулица, на вошки и нечистотија, на тресокот на бомбите и рафалите, на страдања, на крв, на болка и на ранети, на сакати и мртви, да нѐ убиваат и убиваме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Три дена копаше чичкото, па се навикнавме на него и мило ни беше да го гледаме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)