намигне (гл.) - на (предл.)

Најпосле дојде редот и на Сула-колџијата. Ристе му ја задржа раката, а и намигна на Боја тоа да го направи оти си има Ристе со него муабет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста му намигна на Илка да се согласи и овој рече два-три збора: — Море, ами нека ти е жива, брату, лели си кандисал да си земаш беља на глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се избакнаа Трајко и Атанас со сите Толевци и си навртоа доволни во Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тоа шо ќе го печалите вие — „се знае.“ — и му намигна на Толета. — Се разбра таа, џанум, се разбра.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По самото негово држење видоа дека знае, но не сака да каже, затоа мудурот му намигна на јузбашијата и му проговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само ѝ намигна на продавачката да го спакува изборот на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се исмеа пашата, ги протри дланките и му намигна на новиот кадија Махмут-бег.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Плимата доаѓа и си заминува секој ден - света обврска и е да му ги подзамива и разладува стопалата на Сан Педро Клавер, апостолот на Црнците, робот на робовите, кој сека недела ги дарува минувачите со бели каранфили и им намигнува на мајките доилки со разголени цицки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Војводата и Ангеле се погледнаа. Овој му намигна на деда Гера, но дедо Геро се направи како ништо да не видел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)