направи (гл.) - на (предл.)

Е, море, тука тука. Било речено да ги оставиме коските по овие пустелии, нема што — тажно промрморија скоро сите Сарафови приврзеници кои до пред некој ден мислеа дека се веќе надвор од опасноста и скоро ќе се најдат „во слободната мајка Б'лгарија" да ги понесат венците за услугата што му ја направија на Кобурга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете каква услуга ние ѝ направивме на Турција со нашето недоверување кон австро-рускиот проект од реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Врз сите неба небо Од твојата маштина направи На него Непокор да израсне.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- Мамо, ти нема ништо да им направиш на зајачињата. Тие се толку добри! Тие се наши другарчиња!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Како излечен?! - свика Бонети. - Видовте ли што ќе му направеше на господин Жино.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега првата нејзина реакција беше дека тоа било жива змија, која, се разбира, си заминала, но кога подобро го разгледа отпечатокот, што таа го направила на тревникот, пак ѝ се врати утешната помисла дека тоа било вештачка змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зашто татко му Филип бил способен за семсекакви политики, ама дете да си ѝ направи на жената не можел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ќе ве кајдисам, живи ќе ве печам, суртуци, но ќе кажете што сте му направиле на брат ми.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Знам што сте“, исцеди од стеснатите усни Турчинот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе му направи на кадијата услуга за која, ете, тој уште несвршена работа, богато ја награди со цело ќесе пари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не продолжи да ни зборува за снегот како што тоа го направи на првиот час.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Првиот план им беше овој: да му направат на Мартина заседа и, кога ќе го фатат да го претепаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога ќе го фатеше реумата, по скалите од куќата се качуваше и на нозе и на раце, та кога ќе го видеше жена му од Мил, ќе речеше: - Сигурно господ не му ја зема душата сѐ додека не го престори во куче како што му го направил на светецот Кристофор за да го казни за гревовите...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сѐ што правеше Дукле за да ослаби, не помагаше; Кала како да се гордееше што беше толку дебела, што беше реткост, исклучок во селото; при исфрлувања на секое кило од себе, се плашеше да не тргне надолу, па да не знае што да ѝ направи на кожата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако се случи да избувне ноќе додека спиеме, гасовите можат да нѐ задушат, жешкиот пепел да нѐ покрие и да нѐ јагленоса како што тоа им го направи на жителите на Помпеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
После направија и бунари и чешма направија на Пржипца, ама се расипа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)