нарасне (гл.) - во (предл.)

Продолжуваше само да гледа во густите роеви снежинки, во чие што виорење не постоеше никаква разлика од вчера, завчера, чиниш денеска воопшто не беше некој друг ден, погледот пак му заскитуваше во таа маглива, бела шума од снег, еден болен човек со она чувство за умирањето во своите мускули, нараснато во него повисоко од неговите рамена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби тие ластари нараснале во полузрели пупки, па само го чекаат зракот на утринското сонце.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во одделните текстови на Чинго таквите одбрани нараснуваат во хиперболизиран вид и се изразуваат во извесни морбидни облици.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мотивите нараснаа во јасни опсесии: водата и давењето, птици, катастрофи од историјата на природата, тајни заговори.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)