настане (гл.) - со (предл.)

Иако не ѝ е првпат ноќе да стои на стража, овој пат, дали поради немирот што ја опфати кога комесарот сите ги истера од топлата земјанка или поради тишината што настана со наглото престанување на вејавицата, таа почувствува некакво нејасно студенило и трпнеж.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Значи, мојот град плачеше, солзи ронеше заедно со мојата тага за пустошот кој настанал со текот на годините.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дури по конзилијарниот договор, цела екипа лекари ја изврши операцијата која беше последица на комликациите настанати со вонматеричната бременост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во нотата понатаму се истакнува дека Француската влада е свесна за сериозните неприлики што можат да настанат со поништувањето на одлуката на Конференцијата на амбасадорите од 6 декември 1922 година, но сепак верува дека таквото решение мора да се донесе, бидејќи се потпира на такви аргументи што не можат да се одречат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сеопфатни промени кои ги засегаат и правата од работен однос настанаа со донесувањето на промените од април 2006 година донесува.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Уште една промена кај оваа материја настана со измените на овој закон – имено, во октомври 2009, максималното траење на прекувремената работа се скрати од десет на најмногу осум часа во текот на една недела (чл. 5, ЗИДЗРО/окт.09); д) во август 2008 се избриша изречната забрана која предвидуваше дека работникот во ноќна смена смее да работи најдолго една недела (чл. 11, ЗИДЗРО/авг.08). 17 Тука ќе го спомнеме и воведување- 17.  ССМ реагираше дека работникот може да биде принуден да работи ноќна смена во текот на целата година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Колективни договори Промени во сензитивната сфера на колективното преговарање и договарање настанаа со измените и дополнувањата на ЗРО (1993) од 1998 и 2000 година, потоа со носењето на новиот ЗРО (2005), како и со четвртата негова измена – од октомври 2009.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2. Промени во законската регулатива настанати со донесувањето на ЗВОСН во 1997 година Донесувањето на ЗВОСН во 1997 година доведе до значителни промени во поглед на правата што ги имаат невработените лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
1. Промени во законската регулатива настанати со донесувањето на ЗВРС во 2007 година Со носењето на ЗВРС во 2007 година за првпат во РМ се донесе закон, кој после стекнувањето на независноста ја регулира оваа материја.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)