натрупа (гл.) - во (предл.)

Веќе имам забележано, и тоа од поодамна, дека ваквото мое однесување ми помага на грижите да гледам како на отпадок што можеме со другото ѓубре да го натрупаме во најлонска кеса и да го фрлиме во контејнерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби сè може да се натрупа во една торба како што тоа одамна со земјата го стори Марко Крале Ги насобра заедно мирисните полиња со многу заборавени гласови; Дивите планини со мртвите векови под нив; Морињата, исплашените острови и рамнодушните риби; И тебе малечка изморена мравко под страшниот товар стопати потежок од тебе; И тебе реко од мојот сон што подмолно ми приоѓаш пред да ме завлечеш во матните; И тебе ништожно дрво на ридот што не се ни наведна да си ги собереш мртвите лисја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Сѐ повеќе нечистиот започнува да владее со вас, луѓе... Многу пороци и неприлежности се натрупале во вас: злоба, блуд, похота, кражби, лакомија, грев, дволичност, лаги, клевети, лицемерие, хулење, омрази, алчност, прељуби и друга нечистотија...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ливадата беше окосена сеното превртувано и сушено, само уште да се собере, да се пренесе на повисочко, исцедено место и да се натрупа во копи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Синоќешната возбуда што се натрупа во него кога низ темнината и виулицата се враќаше од кај дедо Иван, не го ослободи цела ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)