научи (гл.) - во (предл.)

Тој ги научи во манастирот сите поповски марифети од поп Спира, на кого му помагаше во службата како нему што му помага сега Кушо, и требаше само да го „благослови“ владиката и да си започне со работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Инаку, ни за мангар не го бива; но зашто е голем, добро ќе му дојде на Иса да го испружи колку што е долг, така Исо ќе си ја умножи славата, без ништо да изгуби, а селаништето ќе научи во иднина да не се перчи дека нема помаж од него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На тој начин јазикот на терапијата се гради одново во секој тераписки процес, со користење на говорот на пациентот и другите учесници како тули, а не со воведување на професионалниот говор што терапевтот го научил во своите професионални кругови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога, додека чекаше во долгиот ред пред пасошката контрола на аеродромот во Торонто, ги виде оние очепарачки транспаренти на кои со црвени букви пишуваше „Nous parlons francais“ и „We speak English“, му подолесна: Овие сигурно разбираат и германски што го научи во Австрија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сѐ ова беше аматерски, без подготовка, наивно, против основните правила кои младиот мајстор ги научи во своите долготрајни предавања.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ридот со неколку дрвца стрмно се качувал кон својата гола грпка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но гавранот научи во своите сто години како треба да се чува од појаките; уште пред да се доближи човекот, црната птица ги рашири крилјата и се изгуби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Си мислеше колку малку научил во досегашниот живот. Ги разбираше само минливите работи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тука беа, насликани, сите волшепства што ги научи во месењето на тестото, во изви­вањето во најчудесните форми со кои, многу подоцна, ја мамеше нашата глад.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)