научи (гл.) - да (сврз.)

Тој жалеше, тоа еднаш му го рече на татко ми, што не научи да чита уште како дете, велеше дека пропуштил цел еден живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Државата нѐ научи да не работиме, туку да чекаме интерес од по некоја пара што ќе ја клајме во штедилницине“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од Илонка јас научив да плетам, да везам и сите други работи што треба да ги знае едно 14 годишно девојче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Времето помага само да научиме да излеземе накрај со болката. Со загубата. Со празнината.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Гладот го натерал да научи да свири на виолина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Моето е премолчено Реков, Мојата Певна Проклетија. “ низ мене Низ мене: До болот а низ болот И потаму: До пеколот. чучулигата Не научив Да ги изговарам зборовите Тие од мене капеа Небаре крвта Од срцето На Чучулигата. најлудата песна Кој ја спотна Најлудата песна Во најлудата глава Темна Како Ноемвриска Ноќ? благослов на јадењето Јасен е плачот Песната на внатрешната убавина, Празникот кога сечам леб, Или Кога го благословувам Јадењето: Сопствената Душа. гозба Ме јаде вдахновението Внатрешниот оган, Светлината, Совршенството И Смртта.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Каде ти научи да раскажуваш приказни?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога бев момче ме научија да мислам за Англичаните како за народ со пет оброци.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во постојани расправии со препредени и со лукави трговци Евреи, Ерменци, Македонци и други во Солун, и Битола, тој научи да се снаоѓа и да биде упорен во остварувањето на своите замисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
1. Оној кој ќе блеска во науката за писмото ќе блеска како Сонцето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Испитувајќи го начинот на којшто филозофијата се занимава со етиката, политиката, поимот на одговорност, не би рекол дека деконструкцијата се управува кон некое повисоко разбирање на одговорноста, поради причините на сопствената претпазливост, бидејќи исто така научивме да бидеме претпазливи во однос на вредностите какви што се височината и длабочината (altituda altusa), туку се движи поради потребата за којашто верувам дека многу помалку е подложна на одговори и одговорности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе го гушнеше до себе мачорот Сурко и ќе му зборуваше: - Кога ќе пораснам, Сурко, ќе научам да бројам многу, многу, па една вечер ќе ги избројам сите ѕвезди. Ќе ги избројам до една...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Треба да научиш да молчиш за да покажеш оти си сфатил дека и на онаа страна, многу што зборува, и даваш можност самата да се досети оти претерува“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Монмартр ќе научи да игра и билијард.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од него тој на 11 годишна возраст научил да игра шах.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Така“, рече. „Треба да научиш да чукаш како маж!“, рече двосмислено, подбивајќи се со мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Живото суштество со својата самоконтрола треба да ги негува чувствата: мора да научи да живее со нив, прифаќајќи ги.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На ракавите моравме да носиме давидова ѕвезда, за да бидат регулирани забраните кои важеа за сите Евреи: повеќе не смеевме да одиме во театар, опера, на концерт; не смеевме да одиме во ресторани и паркови; не смеевме да се возиме во такси; дозволено ни беше да се возиме со трамвај, ама само во задната кола; смеевме да излегуваме од дома, ама само во точно определени часови; телефоните ни беа укинати, а смеевме да користиме само две пошти во градот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А ние четирите научивме да живееме со стравот; тоа не беше страв од смртта, туку од измачувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Продолжив да го тријам ножот, иако веќе беше светнат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Конечно треба да научиме да разговараме,“ рече мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така беше сѐ до нејзината деведесетта година, а потоа како да остаре и за она време во кое го имаше запрено времето, и само цртите на лицето ѝ останаа исти – остри, како во камен исклесани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вечеравме кога кажав дека сакам да научам да сликам, и тогаш мама се изнасмеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рече дека не сум сакала да одам во училиште затоа што не сум можела да ги научам основните работи; рече дека не умеам ни да разговарам па затоа не одам да играм со девојчињата; рече дека сликањето не е за девојчиња.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога низ Виена забрмчеа првите автомобили, на брат ми, кој одбиваше да научи да вози, му рече полу во шега, полу – сериозно: „Мој златен Зиги, купи ми автомобил, јас ќе научам да возам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа година посакав да научам да сликам. Долго време си бевме туѓи со Зигмунд, и со таа моја желба одново започна нашата блискост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Македонци мои, кога ве посетив тогаш повикан од вас, јас бев неук за овој свет, и во душата, и во срцето, и во слабините свои, на сите три места со кои мажот мора да научи да љуби, за вистински да го сфати Божјиот дар на земниот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, природата на нештата го научи да балансира со сосема спротивните карактери на Ружа, Рада и психички нестабилната сестра Ана. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оној никогаш не се научи да работи, сите знаеја дека тое и е токму она.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па, научив да ги исчукам со еден прст на компјутер...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мора да научам да возам ролери, мислам дека ќе се распамети да ме види како услужувам во дуќан качена на тркала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не дотраја, не дочека да види дека научив да делкам, и дека не треба од срам да ме продава на ѓупци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил фанариот, се колнел, не веќе распоп ами побратим или брат на светиот Гаврил Лесновски, дека во манастирот пеел на јазик на кој го научил да пее калуѓерот што го нашол по борбите со аскерот на пашата Лобуд, како што го научил да копа и да јаде половина од она што можел да изеде негов врсник, парче поскура, неколку маслинки и капка вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трогнатиот отец Панделиј, последниот жив јунак од битките во Негуш, од ракијата дури малку и се сцрвел во лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Заборавил кутриот Панделиј како се кове сабја и како се замавнува на туѓа глава, научил да молзе кози и да го згуснува млекото во сирење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кражбата ти е исто што и занает - се делкал штичиња и си научил да прави каци, ковчези со срма шарани, па дури и чези.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Истовремено би требало, како што тоа го прават Холанѓаните и (посебно) Швеѓаните, да се инсистира на тоа наркоманите да се научат да бидат одговорни за сопствените животи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Треба да се стори сѐ што е можно зависноста од дрога да се намали: со примена на подобри методи на лекување и, што е уште поважно, со решавање на другите животни проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Татенцето не еднаш ќе речеше; - Кога мечка научува да игра, што останува за разумно суштество.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И така чекајќи полека ќе ми препукне душата како огномет... и ќе се распрсне дел по дел од мене... и ти не ќе можеш да ја најдеш... ќе те сеќаваат само минатите времиња... и ќе се научиш да се движиш по лизгава улица... по која и јас еднаш чекорев.. можеби тогаш ќе ти бидам најпотребна , но ќе ме нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ме научи да гледам со твоите очи, во твоето време... така постојано живеам во твоето... зошто моето одамна го нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И пред луѓето што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека Питу Гули го научил да пие вино или дека имале заеднички сон, ист и во исто време, коњот полека ја кренал главата од бочвата и додека од коњските усни му капело вино, се свртил и, пак со галоп како што дошол, и се предал на темницата, бил ноќ во ноќта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Ама... - На десет години татко ми ме научи да возам.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И луѓето под небото се во голема мера исти - насекаде, низ целиот свет стотици илјади милиони токму вакви луѓе, кои не знаат за постоењето на другите, одделени едни од други со ѕидови на омраза и на лаги; а сепак речиси сосем исти - луѓе кои никогаш не научиле да мислат, но кои натрупуваат сила во своите срца, утроби и мускули, со која еден ден ќе го превртат светот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веќе научи да седи неподвижно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Спретен психоделичен човек научил да се движи низ тие стварности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Слушај го даскалот шо ќе те учи, побрго да научиш да пишуваш, ако сакаш да везиш нови кошули.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бистер по природа, научи да пишува уште во своите четиринаесет петнаесет години и уште од осумнаесет дваесете почна да се меша со самите Турци аскери и нивните забити.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите букви ги знаеше уште лани, бидејќи неговите врсници заодија уште лани на школо, та тој, кое од дома, од татка му, кое од другарите, научи да чита и смета токму со нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така ќе ми се научиш да ми везиш првен ракав, после ќе ѝ скрои мајка предници, па бочници, па најпосле и бројови. И, ете ти нова кошула за Велигден!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па и бурмут го научија да трпа, та, ене го и тој дошол и седнал кај Петруша, којшто покрај бурмутот и цигарата и „чај“ му нарачал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нешка си го кладе тој збор во пазувата и немаше ништо толку силно да ја запре да не научи да пишува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А си одбрав ден за самување, За кружен лет во сонот Со кој се покривам И плачам под моќни крилја Додека конечно научам Да проговорам Со молк вечен.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Сакав и тебе да те научам да танцуваш. Барем танго.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За да му даде друг тек на разговорот, Татко ја праша Мајка: – Кога научи да танцуваш?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Не можам да научам да бројам“, рече таа. „Затоа ...“ „А буквите?“ праша Едо. „Што се тоа букви?“ праша мутлавата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Мајка ми нѐ научи да зафати чорап или нешто.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„И?“ „Пикасо“, рече таа. Се згрчи. Белки еден ден ќе научи да го изговара тоа име.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Како да знаел дека животот ќе го самува по планиње, па уште како дете научил да свири на кавал поубаво од секој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И, да знаете, тоа беше тогаш кога Зоки Поки научи да си го пишува името.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Како и сите други: кога ќе заѕвони лошото, ги затвораат очите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Народот не е слеп. Одамна научил да чита.“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше и ти таму? Ама ништо не виде со свои очи, нели?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во секој случај, уметноста беше и остана клуч за разбирање на светот и вложувањето во него: „Дури со помош на уметноста научив да го набљудувам светот“.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но само така знаев дека тоа сум јас, јас која грешам и ги исправам грешките, јас која простувам, јас која сакам и се обидувам речиси секогаш да ја кажувам вистината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го слушав јас тапото чукање на своето срце и гребењето на дивите ѕверови по мојава сирота душа, во тие далечни нежни години.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Некогаш сите бевме деца. Деца кои беа заборавени во полноќната тишина, во темнината научивме да гледаме, а и да слушаме во глувите тишини.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знам само дека ме научија да мразам, премногу знаев и премногу страдав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да научиме да гледаме, слушаме, мирисаме, да ги вкусиме најмиризливите зачини на животот, да бидеме шармантни, харизматични, лесни како воздухот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да изградиме куќи од песок но дом од најцврсти темели, столбови на разбирањето, почитта, љубовта, вредностите на вистината. Тоа би било нашето највредно наследство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Треба да научиме да веруваме во животот кој го живееме, да им веруваме на сопствените избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Но, еден ден ќе мора да научиме да бидеме среќни!“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можеме минатото да го избришеме, а да сонуваме за иднината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да научиме да бидеме благодарни за сѐ, да го живееме животот со сензибилитет, со страст да љубиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знам дека сѐ е лага и како казна ме параше вистината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не би ја сменила мојата болка за лажна среќа, болеше, бев разочарана, плачев хистерично, чувствував неподнослив страв, беспомошно се обидував да го смирам скршеното срце, но смиреноста дојде насекаде околу мене, сега се е богатство од спомени, тоа сум јас денес.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не научив да живеам во потчинетост, не поради гордоста, јас сум господар и слуга на мојот живот, несакав никој да ги решава проблемите што сама ги создавав и секогаш се справував со работите на потежок начин.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Следниот ден некој му заѕвони на вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Поради тоа се научи да не реагира веќе толку бурно на реченицата „студениот фронт ќе се придвижи кон исток“ туку ги отвораше очите и мирно чекаше да заврши прогнозата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, додека тие се учеа да ме мразат, јас се научив да ги презирам. ,Ирфане Пољубулгаре".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првпат тогаш видов дека и возрасните плачат како што научиле да плачат како деца. ,...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А Теми продолжи да чита: „На снежните падини на детскиот комплекс „Бунец“ работат ски- лифтови, има ски- опрема за користење и работи курсот - Научи да скијаш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А ти, гледам, си научила да комбинираш.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Последен научи да чита и да пишува меѓу првоодделенците.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На осумнаесетгодишна возраст го доби првиот велосипед со помошни тркала (неговите другарчиња одамна имаа научено да возат).
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Последен доби и гума и мускули за пливање, но не научи да плива.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Научи да свири на пет музички инструменти, победи на неколку меѓународни натпревари од различни области, освои прво место на еден маратон и направи самостојна изложба на уметнички фотографии.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
С никогаш не научи да скија, не се санкаше и не правеше романтични прошетки.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Питите ѝ одеа малку потешко. Ама со годините и времето научи да го стегне кр’нгот и в раце да го заигра сукалото под кое добро измесеното тесто се сучеа кори за пита со пресул, со праз, со кастици, со кромид и свинско пржено, пита со тиква, со урда и праз, со коприви, со корки мешани со урда и јајца... сучеше и кори за бурек плескан со по четири или пет кори со урда, сирење, бурек виткан окол-закул со сирење и кори за бурек - плетениот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тешко поминатите месеци ја научија да ги поднесува самотијата, стравот, гладот и студот, ама таа не научи да поднесува кога ги гледаше момчињата и девојките во излитени војнички униформи, парталави, гладни и вошкосани и не можеше да ја поднесе глетката на ранети и убиени.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Научивме да се бориме како партизани, ја совладавме партизанската тактика и имавме големи успеси...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако добро научите да работите со пушката, со автоматот, со митралезот, за што ќе учиме во наредните неколку дена, тогаш така вас нема да ве носат, туку тие ќе бидат носени во кои ќе пукате.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ова е наредба. Разбра? - Разбрав! - војнички се исправи девојката. – Веднаш да научам да ставам вендузи!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А, ти - тој ѝ се обрати на девојката на која покажа со рака – уште денес да научиш да ставаш вендузи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мнозина се научија да ги прочитуваат содржините на книгите и да ги раскажуваат пред наставниците, иако не прочитале ни ред од книгата!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Таа и не знаеше дека јас сама научив убаво да сукам и кога ќе ја јадевме питата таа мислеше дека е од стрина ми и често велеше: Гледаш како стрина ти се научила да сука пита.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)