„Само со целосно прифаќање на самата стигма човек може да го неутрализира осилото и да го претвори во смешно“, заклучува Естер Њутн.191
 
    Еве, значи, уште еден пример кога геј-мажите изгледа дека го искажуваат својот особен субјективитет и дека изведуваат чинови на културен отпор така што канализираат разиграни, хиперболични или будалести претстави на женското страдање.
               
             
           
            
            
              „Како да се биде геј“
               од Дејвид Халперин 
              (2019)