обиде (гл.) - на (предл.)

Се обиде на грб, на мев, — ничкум, ама сѐ некако очите не му се заклопуваа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На неодамнешната промоција на програмата на Скопскиот летен фестивал во фоајето на Македонскиот народен театар, познат македонски актер, се обиде на една средовечна директорка на библиотека да ѝ ја објасни специфичната позиција на актерите во уметничкиот свет.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
4 Битно е да се истакне дека Ф. И. претходно се обиде на мирен и вонсудски начин да го реши проблемот со работодавачот, на начин што од него побара да ѝ бидат покриени трошоците за операцијата и за понатамошното лекување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
210 Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, големите трошоци за евентуалната операција и лекување, како и намалената животна активност и претрпениот страв – работничката, после консултација со адвокат (А.Ѓ.Танчевски) кој правно ќе ја застапува во сите понатамошни фази на спорот, летото 2008, се решава да тужи по основ на повреда на работно место и на тој начин да бара обесштетување со кое што ќе го продолжи понатамошното лекување и ќе ја надомести направената нематеријална штета.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)