обидува (гл.) - во (предл.)

Да се урне Картагина! Се обидував во своите мисли да трагам по универзалноста на оваа метафора.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Легнат на грб се обидував во отсјајот на мижуркавата светлина на канделабрите од улицата да откраднам искра од нејзините очи за да можам во играта, која не смеев и не сакав да ја одлагам, да бидам свој онолку колку што таа ме познаваше. Попусто трагав по таа искра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се обидував во височината во која пловев со авионот низ осветлените врвици на ѕвездите, да го издвојам најзначајното во мојата медитеранска мисија, кое што ќе заземе постојано место во моите Амбасади и покрај силните и неумоливи бранови на заборавот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со елегантен и крајно женствен чекор Вероника се движи во нејзините поетски чевли, колку и да се тие тесни, и за неа, и за сите нас кои се обидуваме во нив да сместиме збор.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Су се наоѓа во една толку измачувачка состојба што се обидува во сонот да стане од место, но не може. Како да е фатена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)