Кога пак Јаков ќе заминеше, таа не можеше да заспие и ги впиваше во ноздрите, исцрпена од дивата љубов, мошусните мириси што во нејзината постела ги оставаше неговото жилаво темнокожо тело и кои одново ја преплавуваа и до болка ѝ го јакнеа копнежот по него.     Утрото го обои прозорецот во румено.
               
             
           
            
            
              „Светилка за Ханука“
               од Томислав Османли 
              (2008)