обрасне (гл.) - со (предл.)

Имено, таму кај што се вливаше Алинска Река во Бучинско Блато, нешто подолу од утоката, кај врбите на Свето Враче, во најдлабокото, веруваа дека се сокрива некаков ѕвер, за кој кажуваа дека има мали куси и дебели нозе, кој е мрк, то ест по целото тело обраснат со сива мов, жителите на Потковицата и жителите на сите околни села го викаа Кобникот или само Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се јавуваше само пред да започне војна и само додека траеше војната, па според неговото бучење, то ест јачење, луѓето претскажуваа колку долго ќе трае војната и колку крвава ќе биде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Половина час возење со подземната железница; од станицата сврти лево; два километра по патот; порта на која ѝ недостасува горната попречна греда; патека низ полето; патче обраснато со трева; патека меѓу џбунови; кутнато суво дрво обраснато во мов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пладневното сонце светеше врз парчето земја, што беше обраснато со трева и се наоѓаше меѓу неа и херметички затворениот влез на визбата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се стаписа на местото, се подисправи начулувајќи ги ушите како куче и прво помисли на страната на којашто можеше да очекува опасност па помина со погледот по мракот над високите ѕидови густо обраснати со капини и скреби каде што ништо не можеше да види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Трчаа со пушките в раце по селски пат што минуваше меѓу високи ѕидови густо обраснати со скреби нафатени по дрвјата крај меѓуселскиот пат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сонцето жестоко печеше, а тој, археолозите и Денко, копаа на едно место обраснато со папрат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Подножјето на ридот е поделено на парцели и на многу од нив веќе е ставен камен – темелникот на идните хотели и пред нив разделена е и плажата сега обрасната со тревишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По неколку поминати чекори затворив очи и празнината обрасната со пиреј и диво зелје ја полнам со куќите на Нановци, Дамовци, Пурдовци, Ласкини, Поповци, Доновци, Љаповци, Пинѕовци, Пеновци, Шкокловци, Трајковци, Наковци, Пандовци, Фиљовци, Гуљовци и другите до бројката 54 родови и куќи под чии покриви живееле 400 души и уште педесетина на гурбет отидени отаде големите води.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Многу народ се насобра на таа гола, мочурлива ливада што беше распослана покрај морето и обрасната со трње и со високи и остри бодликави тревишта и засмрдена од нешто гнило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)