одекнува (гл.) - во (предл.)

Богата жена е решење за све, му одекнуваа во глава зборовите од другарот Спасе, кој постојано го наговараше на овој лајф стајл.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Бебето мораше да биде разбудено. Звуците од трубите, саксофоните, тапанот и тубата одекнуваа во кругот на целата болница.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ќе ти одекнува во ушите уште долго. Како камбана која не престанува да чука. Како срцебиење.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Татко внимателно го прочита расказот, благо ме прекори со глас на тивка човечка камбана, кој не престанува да одекнува во мене: „Сине, зошто без да знаеш дали Бог постои, ти го прогласуваш за мртов!”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги закачуваше испретураните коски со врвот на чевлите. и овој тажен судир на живите со мртвите тапо и суво одекнуваше во темниот простор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога Татко изоде неколку чекори по уличната калдрма, додека познатите топоти од неговите чекори сѐ уште одекнуваа во нејзината свест, како тивка фуга на заминувањето во кое беше содржан и звукот на среќното враќање, Мајка истури ѓум со вода, зад Татковите чекори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Солидно решение ако проектите можеа да се направат и без пари“ - објаснував, незнаејќи дали тоа одекнуваше во општата селективна битност на настаните, која никогаш не подразбираше статичност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Зборот што најмногу го очекувавме, Татко тивко го изговори: - Остануваме! Остануваме! Силно одекнуваше во нашите души.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)