ако им се придружи некој што споро оди, или го присилуваат да ги следи, да брза како нив, или го оставаат; кога чекорат, тупкаат со нозете како тропот на валавница: и маката и лутината во одењето ја оставаат;  оние што газат со ситен, кус чекор, темелити луѓе се: одат и размислуваат; одењето им е рамномерно, одмерено, ритмички, како чукање на часовник: со одењето поврзано им е и движењето на телото, мислите и импулсите; одат складно како да ги поврзуваат, нижат чекорите;
               
             
           
            
            
              „Јанsа“
               од Јован  Стрезовски 
              (1986)