Ти пријде и ја оттурна осаменоста од тебе,  и стоевте, дали маѓепсани од водоскокот  што ви ги качуваше погледите угоре  по искрите водени, по кои се качуваше  и една бавна гасеница од виножито  пред да се престори пеперуга  или некој друг украс на денот?
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)