плаче (гл.) - на (предл.)

Ќе ги земеш на душа и девојчињава... (Фроса, Кате и Паре треска ги фаќа од страв и почнуваат да плачат на глас).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И јас плачам на Уља, Уља плаче на мене, и се прегрнуваме така, се префаќаме небаре за борење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Направив драма и за жив срам плачев на сиот глас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Би плачела на глас. Би тажела над детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас повторно, плачејќи на глас и со солзи тргнав по татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас стојам така, одвај ја крепам, ја закрепувам, а таа ми плаче на рамена. Истура солзи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Окото - бура тивка како крикот на тревката во тебе плачела на смртта насмевката.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)