плукне (гл.) - во (предл.)

Татко го фрли опушокот во огништето, се искашла, плукна во пепелта и рече: Ова и од Турците го немавме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Да ти се плукнам во тоа глобалното затоплување“ промрморе, демонстративно напуштајќи ја сцената на неуспешното самоубиство.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Замислете ги следниве активности: I голтнете ја плунката во вашата уста; II земете чаша со вода: напијте се и голтнете; III плукнете во неа, голтнете ја плуканката и водата; IV напијте се малку вода: плукнете ја назад, напијте се, и голтнете сѐ.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Каков човек си ти? Какви живци имаш? Плу!“, стори, плукна во правта од бес.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гардистите спијат, трупец се до трупец. Предвидувам веќе- Сѐ ќе биде супер.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А сега групата што работи со чаркот нека плукне во машките дланки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
XX. Постоја крај тезгавот и крај оној челичен слив на запците од бичкијата, додека под него бесно се плискаше, пенејќи се, водениот порој, удрен во челичниот прстен на турбината, само толку, колку што имаше време да плукне во своите две големи дланки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Не - викнав и на оној што беше наведнат над мене му плукнав в лице.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На нозе сите, и секоја да ѝ удри по една тупаница по муцки и да ѝ плукне в лице. – Ха, ха, ха, ха! – почнаа да се смеат сите кадани, очигледно задоволни што не им го презеде младата ѓаурка добриот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И да не беше пошол на печалба во туѓина, да беше ѝ се појавил пред очи, уште тогаш, не знаеше што ќе направи место да му баци рака: дали да го погледне напоречки и да му сврти грб, или да му плукне в лице што ѝ дал такво име, од кое ќе се срами цел живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Треба да се фатат диви пилиња, вели, и да им се плукне во клунот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)